ЗОШТО ЈАБОЛЧЕЛО?

Научниците ги споредиле ефектите од бистриот и матниот сок од јаболко и утврдиле дека матниот сок е далеку поздрав. Матниот сок од јаболко е богат со антиоксиданси и содржи четири пати поголема концентрација на полифеноли во однос на бистриот јаболков сок. (250 наспроти 1044 мг/л). Полифенолите се активни антиоксиданси за кои се смета дека ја спречуваат појавата на кардиоваскуларни заболувања, рак и Алцхајмерова болест. Дали ова откритие ќе го промени вашиот избор? Иако потрошувачката на сок од јаболка е во пораст повеќето луге сеуште пијат бистар јаболков сок. За жал бистрината на соковите се добива со додавање на ензим, кој ги отстранува пектинот (вид на прехранбени влакна) и скробот, а во тој процес се намалува и количеството на полифенол.


resimsisse