ШТО Е ЈАБОЛЧЕЛО?

Јаболчело е 100% природен сок од свежи јаболка. Произведен во ресен, без додаден шеќер, вода, бои, конзерванси, емулгатори и адитиви. Едноставно цедени свежи јаболка. Ресенските јаболка, надалеку прочуени по својот вкус, внимателно ги береме и сортираме додека се свежи и сочни и темелно ги миеме. Само најубавите и најздравите јаболка ги користиме за Јаболчело. Oдкако нашиот тим внимателно ќе ја подготви специјалната мешавина од ајдаред и делишес јаболка, внимателно ги цедиме за да го добиеме свежиот и уникатен вкус на Јаболчело. Јаболчело е пастеризиран и пакуван прецизно и внимателно за да го донесеме вкусот од нашите бавчи до вашата трпеза.

resimsisse