Jabolcelo сок од цедено јаболко и праска

Праските се богати со антиоксиданти и го штитат нашето тело од различни болести. Нивното конзумирање го намалуваат нивото на холестерол и го подобруваат имунитетот. Праските изобилуваат со растителни влакна кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем, го детоксицираат организмот и помагаат во одржувањето на телесната тежина. Праските изобилуваат со Kалиум и други минерали и помагаат во регулирање на мускулното ткиво и бројни метаболички процеси. Тие позитивно влијаат врз здравјето на кожата и видот.

Сокот го произведуваме од рачно набрани праски, од сортата Glo Haven и јаболка од сортите Златен и Црвен делишес, Ајдаред и Грани Смит од преспанскиот регион во Македонија. Сокот соджи 30% праска и 70%јаболка. Сокот не е направен од концентрат и не содржи адитиви, презервативи, додадени шекери и вода.

Сокот е достапен во beg in box од 2л, стаклено шише од 1л и 0,2 литри.