Jabolcelo е мала семејна фабрика за производство на природни сокови лоцирана во Ресен.

Фабриката со многу љубов и ентузијазам ја основавме во 2013 година. Потекнуваме од ресенско семејство со голема традиција на одгледување на јаболка. Љубовта кон ресенските јаболка, нивниот уникатен вкус и кавалитет ја разбуди идејата да произведуваме квалитетен сок од исцедени свежи јаболка во кој ќе уживаат сегашните и идни генерации. Подоцна решивме да ја прошириме нашата палета на производи со сокови од исцедено јаболко и цвекло, јаболко и морков и јаболко и праска.

Тајнaта на нашите сокови е во тоа што се здрави, едноставни и содржат само високо квалитетно исцедено овошје и зеленчук, без било какви додатоци вклучувајки вода и шеќер, поради што можат да ги конзумираат лица од сите возрасти.

Вкусете ги нашите сокови и уверете се во нивниот единствен вкус и позитивното влијание врз вашето здравје.


Јаболчело благодарение на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста го реализира проектот „Воведување на нов производен процес за иновативнa палета на производи „СМУТИ“, изработка на нова амбалажа, промовирање и продажба на производот на странски и домашни пазари“