ЗА НАС

Jabolcelo е мала семејна фабркика за производство на природни сокови лоцирана во Ресен. Фабриката со многу љубов и ентузијазам ја основавме во 2013 година. Потекнуваме од ресенско семејство со голема традиција на одгледување на јаболка. Љубовта кон ресенските јаболка, нивниот уникатен вкус и кавалитет ја разбуди идејата да произведуваме квалитетен сок од исцедени свежи јаболка во кој ќе уживаат сегашните и идни генерации. Подоцна решивме да ја прошириме нашата палета на производи со сокови од исцедено јаболко и цвекло, јаболко и морков и јаболко и праска. Тајнта на нашите сокови е во тоа што се здрави, едноставни и содржат само високо квалитетно исцедено овошје и зеленчук, без било какви додатоци вклучувајки вода и шеќер, поради што можат да ги конзумираат лица од сите возрасти. Вкусете ги нашите сокови и уверете се во нивниот единствен вкус и позитивното влијание врз вашето здравје.

Искрено ваш

Jabolcelo

resimsisse