За нашите производи користиме само најквалитетно овошје рачно одбрано од овоштарниците во Македонија: јаболка од сортите Црвен и златен Делишес, Ајдаред и Грани Смит од преспанскиот регион во Македонија, цвекло, високо квалитетна аронија, ѓумбир, праски од сортата Glo Haven. Се грижиме за квалитетот и го надгледуваме и контролираме потеклото на суровината која ја користиме.

Во процесот на производство овошјето рачно се сортира и складира, се мие и потоа проаѓа втора селекција. Се меша по единствен Јаболчело рецепт, се меле и поминува само процес на ладно цедење без термална или хемиска доработка.

Смесата се чува во резервоари во кои се контролира и потоа се пастеризира на висока температура. На крај добиваме густ сок со одличен вкус кој не содржи адитиви презервативи и додадени шеќери и вода и се пакува во соодветна амбалажа.

Соковите Јаболчело се достапни во два типа на амбалажа: стаклено шише (1 литар и 0,2 литар) и bag in box амбалажа (2 литри).

Bag in box амбалажата поради херметичката затвореност и непропустливост на вентилот кој овозможува испуштање на течноста, а не дзволува навлегување на кислород или бактерии му го продолжува рокот на траење на сокот, како и неговата боја и вкус.Оваа амбалажа е изработена од рециклирани материјали.

Стаклената амбалажа не дозволува оксидација на течноста, овозможува квалитетна заштита и е изработена од рециклирани материјали.

Производите може да се најдат во сите поголеми маркети во Македонија.

Од минатата година Јаболчело се продава во Саудиска Арабија.


Јаболчело благодарение на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста го реализира проектот „Воведување на нов производен процес за иновативнa палета на производи „СМУТИ“, изработка на нова амбалажа, промовирање и продажба на производот на странски и домашни пазари“